На 01.05.2023 на Граничен премин Блаце, Р.Ш.(51) од Косово пријавил дека околу 15.50 часот на обиколница Скопје, на клучка Приштина, три лица фрлале тврди предмети кон неговото возило „ланд ровер дефендер” и го оштетиле, при што со повреда се здобил неговиот син.
Според пријавеното, причина за настанот е недоразбирањето што го имал претходно со лицата на Граничен премин Богородица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.