Упасен е и таткото на 14-годишникот кој денеска во основно училиште во Белград смртн застрла осум соученици и еден чувар. Поради овој грозоморен чин Србија прогласи тридневна жалост. Српскиот министер за внатрешни работи Братислав Гашиќ, на прес-конференција во Владата на Србија рече дека е уапсен и таткото на момчето.
„Двата пиштоли, оној во ранецот и оној со кој е извршено ова кривично дело, биле во легална сопственост на таткото на момчето. Тврди дека биле заклучени во сеф, под шифра, има неколку оружја, регистрирани во 2016 и 2017 година, но очигледно детето имало шифра за тие пиштоли“.
Момчето често одело на стрелиште со својот татко, објави министерот. Претходно медиумите пишуваа дека родителот е познат радиолог во Србија.