Данскиот тенисер Холгер Руне е победник на турнирот од серијата 250 во Стокхолм. Руне во финалето го совлада Стефанос Циципас со 6:4, 6:4 за час и 34 минути игра.
19-годишниот Данец, моментално 27. на АТП листата, го освои вториот трофеј во кариерата, претходно го освои турнирот во Минхен. За Циципас ова е 15. пораз во 24 финале во кариерата. Руне втор пат сезонава го победи Циципас, Данецот беше подобар и во осмина-финалето на Ролан Гарос.
Еден брејк, во третиот гем, му беше доволен на седмиот носител да го освои првиот сет, во кој Циципас немаше ниту една брејк топка.
Руне, исто како и во првиот сет, во третиот гем повторно му го одзеде сервисот на петтиот играч на светот, во петтиот имаше уште една шанса, но Гркот „преживеа“ и остана во мечот. Во следниот гем Циципас ја имаше првата и единствена брејк топка, но не ја искористи. Тогаш и Данецот пропушти шанса да дојде до огромна предност …
Сепак, Рунеа успеа да го задржи фокусот и да ја оствари втората победа во третото финале во кариерата.