На улиците низ Белград може да се забележат тага и солзи, а на местото се палат свеќи и се оставаат цвеќиња за прерано згаснатите животи.
Цела Србија денеска ја потресе веста за невидена трагедија што се случи во ОУ „Владимир Рибникар“ кога момче (14) влегло со оружје и ги застрелало учениците, чуварот и учителката.
Во престрелката загинаа осум ученици и еден работник од училишното обезбедување, а повредени се шест деца и еден учител.