Ситуацијата во српскиот гигант Партизан повторно се искомпликува по одлуката на фудбалскиот клуб да истапи од Спортското друштво „Партизан“, по што стигна реакција од нив, кои им забранија да го користат името Партизан, да го носат грбот на тимот и да го користат стадионот.
Проблемите започнаа кога спортското друштво реши да ги разреши првите луѓе во фудбалскиот клуб, Милорад Вучелиќ и Милош Вазура, поставувајќи привремена управа, на што стигна реакцијата на фудбалскиот клуб. Сега, спортското друштво им забрани да го носат името Партизан, да го користат стадионот „ЈНА“ и да го носат грбот на клубот.
Ова не би бил прв ваков случај во Источна Европа – поранешниот европски шампион Стеауа Букурешт подолго време мора да се натпреварува по името ФЦСБ поради конфликт со романската војска.