Нов хорор во Белград – ученичка во елитна гимназија со нож избодела соученик и наставничка

Девојче со иницијали Л.И. на 16-годишна возраст денеска во приватната гимназија „Руѓер Бошковиќ“ во Белград со кујнски нож го повредила ученикот А.Р. (15 г.) и наставничката која се обидела да го спречи насилството.

Според првичните информации кои ги пренсуваат српските медиуми девојката која дошла во гимназијата со нож е поранешна ученичка во ова елитно српско средно училиште од каде според едни пред извесно време самата се отпишала, а според други биле избркана.

Нападнатите не се тешко повредени. На местото на настанот веднаш излега полициска екипа и ја привела девојката која го нападнала ученикот.

Новиот насилен настан во училиште во Белград се случува само еден ден по големата трагедија во која беа убиени осум ученици и чуварот во школото „Владимир Рибникар“.

Треба да знаете
Последни објави