Честит 5 мај – Денот на македонскиот јазик.
Го одбележуваме овој значаен ден во реалноста која веќе никој не може да ја спори – Ние сме Македонци кои говорат на македонски јазик, со нашата азбука, како официјално писмо.
Македонскиот јазик ги помина сите фази на создавањето, на пробивот, на препознавањето, на кодификацијата и на признавањето, а денес е признаен во целиот свет, рамноправен со сите светски јазици. Запишан како македонски јазик во личната карта и во каталогот на нациите во Обединетите Нации. Како што е посебен и рамноправен и македонскиот народ во заедницата на народите.
Македонскиот јазик се зборува слободно низ целиот свет.
Иднината на нашиот јазик е иднината на нашата татковина. Токму затоа, коренот на нашето битисување – македонскиот јазик – е нашиот идентитет и е света обврска за сите нас!
Нам ни останува да го чуваме и унапредуваме, како што тоа го сторија великаните Мисирков и Конески, да го предаваме на идните генерации.



