Битиќи: Правиме системски исчекор за брза, поевтина и квалитетна изградба не само на коридорите 8 и 10д, туку и за сите идни национални и стратешки проекти

Владата на денешната седница усвои нови предог-законски решенија со кои ја унапредуваме ефикасноста и ефективноста во изградбата на неопходната патна, железничка и енергетска инфраструктура во државата, која е повеќе од потребна за забрзување на економскиот раст и развој, а со тоа и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните напиша Битиќи.


Правиме системски исчекор за брза, поевтина и квалитетна изградба не само на коридорите 8 и 10д, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како што се железници, гасоводи и други витални енергетски инфраструктурни проекти.


Роковите за постапување на институциите и административните постапки се скратуваат секогаш кога ќе станува збор за проекти кои за граѓаните ќе донесат нова и модерна инфраструктура.
Со новото системско решение преку допрецизирање на постојни законски решенија се унапредува и заштитата на интересите на граѓаните. Работникот кој по негова слободна волја ќе се согласи да работи повеќе од 40 часа неделно, ќе има гарантирано право на дневен и неделен одмор, а секој прекувремен работен час ќе биде исплатен за 35% повеќе.


Со заокружувањето на коридорите 8 и 10д, кои се на мапата на ЕУ, нашата земја ќе прерасне во патна крстосница на Балканот и ќе го зајакне своето геостратешко значење, што е од суштинско значење за отворање на нови потенцијали за забрзување на економската динамика на нашето стопанство и отворањето на нови и добро платени работни места за нашите граѓани.

Треба да знаете
Последни објави