Деновиве во италијанските медиуми главна вест беше наводната одлука на Мауро Икарди да го напушти Интер и да се пресели во редовите на најголемиот ривал – Јувентус.
„Со оглед на тоа што новинарите во последно време пишуваат весто кои не ги претставуваат моите мисли и намери, сакам да им соопштам на сите фанови – мојата желба е да останам во Интер“, порача Икарди на својот Инстаграм профил и додаде:
„Од денеска повеќе нема да има недоразбирања. Сфаќам дека новинарите имаат потреба да продаваат лажни вести, но јас освен демант, немам што повеќе да направам. Повторувам – ја изразив желбата да останам во Интер, затоа што Интер е моето семејство. Времето ќе покаже кој ја зборува вистината. Напред Интер засекогаш“, изјави Икарди.
Иако во изминатиот период Икарди имаше големи проблеми со управата и тренерот на клубот, се чини дека голема е веројатноста тој да остане во Интер, посебно поради фактот што наскоро Спалети речиси сигурно ќе добие отказ, а на негово место ќе пристигне Антонио Конте.