Руски дипломат со „форд“ се судри со „опел“ на кумановец кој заврши во болница

Вчера околу 10.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фокус“ со дипломатски таблички, управувано од К.А.Л.(52) од Руската Федерација и патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г. Б.(46) од Куманово.

„Во незгодата, со повреди се здобил Г.Б. и бил пренесен за укажување лекарска помош во болницата во Куманово“, велат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави