Пендаровски присуствуваше на крунисување на британскиот Kрал Чарлс Трети и Кралицата Камила

Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска присуствуваше на свечена церемонија на крунисување на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети и Кралицата Камила во Вестминстерската опатија во Лондон.

Вчера, претседателот Пендаровски со сопругата присуствуваа и на прием во Бакингамската палата, приреден од Кралот Чарлс Трети за странски гости – шефови на држави со кои Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска има дипломатски односи, за претставници на британските региони и прекуокеанските територии, како и за членови на кралското семејство и британската Влада.

Претседателот и сопругата присуствуваа на настаните во Лондон како одговор на поканата упатена до шефови на држави од британската страна. 

Македонско-британските релации се темелат на заеднички и универзални вредности и постојано се унапредуваат уште од нашата независност. Во 2023 година Република Северна Македонија и Обединетото Кралство одбележуваат јубилеј од три децении од воспоставувањето на дипломатските односи.

Треба да знаете
Последни објави