Во Вишото јавно обвинителство во Смедерево беше сослушан Урош Б. (21) поради сомнение дека во четвртокот вечерта, на 4 мај, убил осум и ранил 14 млади мажи и жени, дознава Курир.
Според сознанијата ма Курир, тој го признал делото и додал дека пукал за да го заплаши населението!
-Тој изјави дека пукал во неколку лица од групата, кои не ги познавал, на три локации на територијата на Смедерево и Младеновац, за да го заплаши населението на Мали Орашје и Дубона.
Убиецот се товари за кривично дело тешко убиство, грабнување и кривично дело недозволено изработување и пуштање во промет на оружје и распрскувачки материи.
-Тој е осомничен дека со истрели од автоматско оружје во доцните вечерни часови и во текот на ноќта на територијата на Смедерево и Младеновац убил 8 лица, при што бегајќи од местото на настанот прво неовластено употребил туѓо моторно возило, а потоа во близина на „ наплатната рампа Мали Пожаревац со бомба им се заканил на таксист и патничка во возилото, која била трудна и го принудил возачот да го однесе во село во општина Крагуевац, каде што подоцна е уапсен – се наведува во соопштението.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 30 дена.
При претресот на осомничениот и просториите што ги користел, да потсетиме, пронајдено е поголемо количество оружје и муниција.