Во Основното општинско училиште на Чаир „Конгреси и Манастирит” денеска беше пуштен во употреба фотоволтаичниот кров, кој се очекува во текот на годината да произведе енергија од 26.195 kWh, а заштедата на електрична енергија може да достигне и до 50 проценти.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу во оваа прилика објасни дека со пуштањето во употреба на овој соларен кров подразбираме и намалување на потрошувачката на електрична енергија и искористување на заштедените средства за други училишни активности, поточно за унапредување на воспитно-образовниот процес.
-Фотоволтаичните кровови се чист и одржлив извор на енергија, а истовремено значат и одржлива енергетска иднина, нула негативно влијание врз животната средина, односно без загадување, зголемување на употребата на зелена технологија како и обезбедување транзиција кон чиста енергија, рече Ганиу.
Во оваа прилика тој најави дека наскоро ќе бидат пуштени во употреба соларни кровови и во 5 други училишта и 2 градинки на општина Чаир, а станува збор за: „7 Марси”, „Исмаил Ќемали”, „Хасан Приштина”, „Имри Елези”, „Лирија” и градинките „Росица” и „Снежана”.
Директорот на ООУ„Конгреси и Манастирит”, Фаик Ѓони истакна дека ова е посебен ден за образовната институција што тој ја води, бидејќи на овој начин се преземаат безбедни чекори за ублажување на енергетската криза, но се зачувува и животната средина.