СЗО: Невозможно е да се искорени Ковид 19

Невозможно е целосно да се елиминира Ковид 19, бидејќи неговите патишта на пренесување од животните на луѓето ја комплицираат ситуацијата, но ние сме во состојба да се справиме со неговите последици и можните здравствени итни случаи, изјави денес Мајкл Рајан, извршен директор на Програмата за итни случаи во здравството на Светската здравствена организација (СЗО).

– Има многу специфични критериуми кога можете да елиминирате или искорените вирус. Она што го гледаме овде е вирус кој еволуирал брзо, може да се движи од луѓе на животни и од животни на луѓе, така што може да се скрие во различни простори, не само кај луѓето. Многу е тешко да се зборува за искоренување или елиминација во овој случај – изјави Раџан.

Тој додаде дека со вакцинација и третман е можно да се елиминира „заканата по јавното здравје предизвикана од вирусот“, додавајќи дека „можеме да ставиме крај на итната состојба, но не можеме да ставиме крај на вирусот“.

– Значи, дали можеме да го елиминираме овој вирус? Мислам дека одговорот е малку веројатно, ако не и невозможно – изјави Рајан.

Во петокот, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека организацијата повеќе не го смета Ковид-19 за глобална здравствена вонредна состојба, нагласувајќи дека инфекцијата продолжува да претставува закана за здравјето на човечката популација.

Треба да знаете
Последни објави