По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, денеска највисокото раководство на Министерството за внатрешни работи положи свежно цвеќе на повеќе локации каде што се спомениците на загинатите припадници на МВР.
Свежо цвеќе пред споменикот во кругот на МВР положи делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во состав државниот секретар при министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска, директорот на Биро за јавна безбедност Сашо Тасевски и заменик директорот на БЈБ Ариф Асани. Цвеќе положија и деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски, претставниците на здружението на бранителите и семејствата на загинатите бранители, како и претставниците на Македонскиот полициски синдикат.
Пред споменикот на загинатите припадници на МВР, пред зградата на Гранична полиција, објавија од МВР на нивниот фејсбук профил, свежо свеќе положија директорот на Биро за јавна безбедност Сашо Тасевски во придружба на заменик директорот на БЈБ Ариф Асани, помошник на директор Јулија Поповска Александровска и помошник на директорот Шефик Бајрами.
На споменикот на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи во паркот ,,Жена борец “, свежо цвеќе беше положено од страна на помошник на министерот за односи со јавност и стратешки прашања Тони Ангеловски, во придружба на началникот на СВР Скопје, Кирче Даневски и шеф на кабинет на државната секретарка, Јованка Аврамовска.
Оддадена почит и свежо цвеќе беше положено на споменикот на загинатите колеги од хеликоптерската несреќа во близина на Струмица од страна на претставници на Министерството за внатрешни работи и семејствата на споменикот во Базата ,,Брест “, како и на споменикот на загинатите припадници од Единицата за брзо распоредување во касарната во Ѓорче Петров и на споменикот на загинатите припадници од САЕ Тигар во касарна Илинден, а од страна на претставници на Министерството за внатрешни работи и здружението на семејствата на загинатите бранители.