Премиерот Димитар Ковачевски, продолжува со дводневна работна посета во Вашингтон на 8 и 9 мај.
Во Вашингтон, премиерот Ковачевски е предвидено да оствари средба со Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, заменикот советник за национална безбедност на САД, Џонатан Фајнер, советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот на САД, Џејмс Рубин, но и со повеќе сенатори и конгресмени на САД, меѓу кои Деби Дингел, Крис Марфи, Брендан Бојл. Премиерот Ковачевски воедно, ќе оствари средба и со членовите на бордот на Атлантскиот совет (Atlantic council).
Како дел од работната посета на Вашингтон, премиерот Ковачевски ќе го посети престижниот универзитет „Џон Хопкинс” во Вашингтон каде по средбата со деканот Џејмс Стајнберг, премиерот Ковачевски ќе се обрати и ќе одржи предавање за предизвиците и можностите за Северна Македонија и земјите од Западниот Балкан на нивниот европски пат, имајќи ја предвид потребата за брз развој на регионот.
Согласно агендата планирана е и средба на премиерот Ковачевски со претставници на македонската дијаспора во САД.