МОН: Добивме десетина пораки за пријавување на насилство

Има поплаки за врсничко насилство во Македонија. Веќе пристигнале првите поплаки за врсничко насилство на е- маил адресата на Mинистерството за образование и наука (МОН). 

Десетина пораки има на новата електронска адреса на Министерството за образование која е отворена со таа цел, граѓаните, родителите, младите да пријавуваат врсничко насилство и надлежните да пристапуваат по пријавите. Некои од пораките се однесувале и на проблеми со поранешни професори и сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст.

„Секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“, велат од МОН.

Мејловите се prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик. 

Министерството за образование и наука ќе и предложи на Владата итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците. 

Министерството веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, во однос на употребата на социјалните мрежи во училишна средина. Во билтенот на полицијата деновиве имаше регистрирани тепачка во тетовско меѓу ученици, но и инцидент во Скопје, каде дете повредило друго дете незадоволно од исходот на фудбалски натпревар. Во соседна Србија пред четири дена се случи масакр каде момче уби 9 луѓе и рани уште 7. Ова го вклучи алармот дека мора да се преземе нешто за да не се случуваат вакви трагедии на други места. 

Треба да знаете
Последни објави