Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во дневникот на „РТС“ посочи дека од утре стартуваат првите мерки за да се одземе нелегалното оружје од граѓаните, но и да се намали и бројот на лица кои поседуваат легално оружје. Тој кажа дека како Влада ќе се обидат да се борат за вакви настани да не се повторат, но за тоа гаранција нема. Ќе се зголемуваат и бројот на педагози и психолози.
„Нема гаранција дека тоа нема да се случи во иднина, но бора да се бориме да тоа не се повтори. Сега имам трауми и се плашам секој ден. Наше е да извлечеме заклучоци. Во други земји, политичарите кажуваат дека нивните молитви се со нас. Ние како држава отидовме чекор подалеку и се обидовме да направиме нешто. Знам дека ќе има многу луѓе кои ќе се противат на мерките. За нас е важно да излеземе како и Германија во 2002 година кога гимназијалец уби 19 лица.
Коментирајќи ги реалити шоута, кажа дека не можаат да се забранат.
„Имате луѓе кои се психопати, што е главен услов за да се случи вакво нешто. Не можете да забраните да се емитува ‘Scare face’ или „Goodfather’“, додаде тој.
Најзначајна мерка според него е одземањето на оружјето.
„Мерките се такви што од утре го одземаме нелегалното оружје и муницијата без последици. Донесете и оставете го – нема никој да ве праша од каде ви е. Нека отидат во полициска станица и нека го направаат тоа. Очекуваме одговронсот. Ние очекуваме милион куршуми да бидат оставени. Работевме на тоа и во 2015 или 2016 година. Ова ќе наиде на голем отпор. Потоа, ќе има поголеми казни за нелегално оружје. Па полицијата ќе упадне сегде каде е потребно. Ако ви се седи по 15 години робија, направете си го тоа. Нема да има ‘Не знаев, од светската војна е, од дедо ми е’, нема да се толерира“, кажа Вучиќ.
Ќе се намалува и поседувањето на легалното оружје.
„Ќе имаат само 50.000 луѓе. И тие еднаш во годината ќе доаѓаат на покана од државата за да се проверат дали земаат нартокици или слично“, додаде тој.
Од утре започнува и мерката со која во секое училиште ќе има по еден полицаец кој ќе е наоружан и спремен да употреби сила кога тоа ќе е потребно.
„1.200 полицајци ќе бидат во училиштата“, рече Вучиќ.
Замоли да не се пријавуваат лажни настани.
„Секој лудак кој ќе помисли дека треба да добие ‘лајк’, објавува нешто. Детето во Панчево го воздигнува детето-монструм, а кога полицијата ја прашала зошто, таа рекла: ‘тоа го направив за прегледи’. Тоа го кажала. Монструозни работи се случуваат секаде во светот“, додаде Вучиќ.