Новиот италијански фудбалски шампион Наполи кој во минатото коло тероетски ја обезбеди шампионската титула по пауза од 33 години со триумф на гости кај Ундинезе, вечерва го славеше „скудетото“ пред своите гледали со триумф над Фиорентина. На стадионот „Диего Армандо Марадона“ се славеше со шампионски стил, а македонските репрезентативец од редовите на Напило, Ељиф Елмас доби големи овации од навивачите.
Елмас доби големи овации од преполниот стадион „Диего Армандо Марадона“, а тој исто како и останатите фудбалери, за оваа пригода носеа посебни дресови, на кои го имаа својот лик на дресот. Наполи знае како да заработи некое евро повеќе, па денешните персонализирани дресови ги пушти во продажба. Дресот на Елмас со неговиот лик чини 150 евра.