Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Мајами иако стартуваше од деветтата позиција. На патот кон триумфот „летечкиот холанѓанец“ го помина и клупскиот колега Серхио Перез кој заврши како втор.
Ова беше „еден-два“ победа за тимот на Ред Бул, додека третото место го зазеде Фернандо Алонсо од Астон Мартин. Од четвртото до десеттото место, на позициите кои носат бодови, завршија уште Расел, Сајнц, Хамилтон, Леклерк, Гасли, Окон и Магнусен.
За светскиот првак Ферстапен ова беше 38. победа во кариерата. Во генералниот пласман Ферстапен има 119 бода, четиринаесет повеќе од Перез, додека третото место му припаѓа на Алонсо со 75 бода.
Следната Ф1-трка ќе се вози на „Имола“ на 21. мај.