Во Охрид 50. Европска регионална конференција на Интерпол

Во Охрид од денеска до среда се одржува 50. Европска регионална конференција на Интерпол.

На конференцијата најавено е присуство на министри за внатрешни работи и шефови на полиции од Европа, високи претставници на Интерпол и експерти од областа на безбедноста.

На официјалното отворање ќе се обратат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на ИНТЕРПОЛ генерал мајор Ахмед Насер Ал-Раиси, по што ќе одржат прес конференција.

Треба да знаете
Последни објави