Јокиќ со лакт го оттурна газдата на Феникс, му се заканува суспензија

Кошаркарите на Феникс го победија Денвер Нагетс со 129:124 во четвртиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција и изедначија во серијата на 2:2, а НБА беше сведок на еден од најбизарните инциденти оваа сезона.

Во центарот беше Никола Јокиќ (28), кој се истакна со 53 поени (20/30 шут) и 11 асистенции, а на крајот од првото полувреме се најде во неочекуван клинч со ни помалку ни повеќе туку сопственикот на Феникс, Мата Ишбија, по што заработи техничка грешка.

Двократниот МВП на лигата се обидуваше да дојде до топката по блокадата врз Ејтон, но Џош Окоги беше побрз и скокна кон топката под кошот. Бидејќи Санс имаа играч помалку на теренот додека Окоги беше во аут, Јокиќ сакаше што побрзо да ја искористи таа ситуација и да ја земе топката која во тој момент беше токму во рацете на Ишбија.

Србинот почна да му ја краде топката, а Ишбија се спротивстави, па ја фрли топката меѓу гледачите, а Јокиќ ладно го оттурна со подлактицата. Сопственикот на Санс уфрли малку оскаровска глума и падна врз столчето, по што судиите ја погледнаа снимката и му доделија техничка на Јокиќ.

-Навивачот прв ја стави раката врз мене. Мислев дека лигата требаше да ме заштити во тој случај, но можеби грешам. Ќе видиме, рече Јокиќ.

На прашањето дали знае кој бил гледачот, Јокиќ рече дека знае.

-Но тој е пубика, нели? Тој седи на теренот, тоа значи дека е навивач. Не може да влијае на играта, треба да биде избркан ако влијае на играта, рече Јокиќ.

Кога новинарите го прашаа за казната, Србинот полуде.

-Зошто? Да. Неговите раце врз мене. Ако не сакаат да ме заштитат мене, туку навивачите? Можат да прават што сакаат, но мислам дека треба да го заштитат играчот. Не ми ја даде топката, влијаеше на играта. Мислам дека треба да си замине ако влијаеше на играта – изјави Јокиќ.

Правилата на лигата јасно кажуваат дека секое влегување на кошаркари на трибините, освен активното продолжување на играта, ќе се казнува со исклучување од игра.

Центарот на српската репрезентација го мина натпреварот само со техничка, но НБА лигата има право да го суспендира Јокиќ за следниот натпревар.

На страната на Јокиќ застана и неговиот тренер Мајк Мелоун.

-Мислам дека е лудо што Никола доби техничка грешка. Тој оди да ја земе топката и некој навивач ја држи како да сака да биде дел од играта рече тренерот.

Кога новинарот изјавил дека тој навивач е сопственикот на Санс, Малун рекол:

„Ме боли задникот“.

Треба да знаете
Последни објави