Загина жител на Јурумлери, го прeгазил стружанец со „фиат“ на автопатот Скопје-Тетово

На 07.05.2023 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје–Тетово, во атар на с.Арнакија, патничко моторно возило „фиат” со струшки регистарски ознаки, управувано од А.С.(49) од с.Лабуништа, струшко, удрило во А.С.(31) од с.Јурумлери, скопско.

Од здобиените повреди на местото починал пешакот А.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Од МВР информираат за уште една сообраана несреќа вчера во Скопје.

-На 07.05.2023 во 09.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски” во Скопје, Д.С.(45) од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави