Македонскиот репрезентативец и до неодамна, капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми во петокот настапи за својот нов клуб Бејџинг Гуан.
Тимот од главниот град на Кина ја забележа првата победа во 5. првенствено коло. Тимот од Пекинг гостуваше во Хенан и со голот на Јанг Лију во 56. минута оствари победа од 1:0.
Адеми беше стартер и во петтиот натпревар за БГ, но тоа беше првиот меч што не го одигра до крајот, беше заменет во 86. минута поради повреда.
-Добив удар во потколеницата, верувам дека не е ништо страшно – изјави Адеми.