Српскиот кошаркарски интернационалец во најсилната лига на светото НБА, Никола Јокиќ одигра уште една фантастична партија за неговиот Денвер, кој сепак беш поразен од Феникс во четвртиот меч од полуфиналето на Западот. Феникс израмни во серијата на 2-2, а двократниот МВП играч во НБА лигата, Јокиќ го заврши мечот со 53 поени. Наместо играта, вниманието на јавноста го првлече дуелот на Јокиќ со сопственикот на Феникс, Мат Ишбиа.
Во еден момент од мечот се случи инцидент. Топката дојде до сопственикот на Феникс кој беше крај теренот, Јокиќ се обиде да му ја земе, тој не ја даваше, па Србинот го турна со лакотот за што заработи техничка грешка.
Некои информации велат дека Јокиќ би можел да заработи и забрана за настап. Србинот се чуди на ваквите најави и прашува како можел сопственикот на Феникс да седи крај теренот како и други навивачи, ситуација во која кошаркарите се заштитени !?
-Судиите ми рекоа дека сум удрил навивач со лакот, но навивачот мене прв ме фати за рака. Мислев дека НБА лигата не штити од такви инциденти, очигледно е дека не сум бил во право, рече Јокиќ за техничката грешка која ја доби и додаде:
-И тој е навивачи, не ли е? Седи крај теренот. Па, навивач е, нели? Ништо не ми значи кој е и што е. Тој е навивач, гледач и не смее да има влијание на играта со тоа што ќе ја задржува топката. Зошто јас би требало да бидам казнет?
Jokic just shoved the owner of the suns 😳 pic.twitter.com/oQOyZDP1A1
— LakeShowYo (@LakeShowYo) May 8, 2023