Махачев договори борба со австралискиот борец со македонско потекло Волкановски

Талентираниот борец Ислам Махачев стана шампион во лесна категорија минатата ноќ, откако славеше против Чарлс Оливеира на УФЦ 280, а по борбата веднаш го дозна неговиот следен противник и тоа е австралискиот борец со македонско потекло, Александар Волкановски.

Волкановски беше повикан во рингот по борбата на Махачев и Оливеира, по што тие решија битката да биде како шампион против шампион. Договорот е нивната битка да се одржи во Перт, Австралија следната година.

Махачев во моментов е во серија од 11 победи по ред, односно има 23 триумфи и еден пораз во УФЦ, додека Волкановски има 22 триумфи по ред и резултат од 25 победи и еден пораз во ММА.

Треба да знаете
Последни објави