Икарди се враќа во Италија, ама во редовите на Милан

Навивачите на италијанскиот фудбалски калчолигаш Милан очекуваат продолжување на договорот со Рафаел Леао, додека ракводството на клубот работи на враќање во Серија А на аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди.

Напаѓачот Икарди во минатото го носеше дресот и капитенската трака на лутиот градски ривал Интер. Доколку дојде до реализација на овој трансфер за навивачите на Интер тоа ќе биде предавство во режија на овој гол-играч, кој во моментов настапува како позајмен во турскиот Галатасарај од редовите на францускиот ПСЖ. Икарди долго време се поврзува со „кам-бек“ во Италија, а сега ако се суди според тамошните медиуми ќе има реализација на овој трансфер.

Второто име со кое се шпекулира дека ќе дојде во Милан е англискиот фудбалер Рубен Лофтус-Чик. Играчот на Челзи се поретко добива шанса во таборот на „сините“ и тој ќе биде еден од многуте кои ќе го напуштат летово „Стемфорд Бриџ“.

Треба да знаете
Последни објави