„Фајненшел тајмс”: Белград се откажа од државјанствата за Руси по заканите од ЕУ

Србија се откажа од плановите за издавање пасоши на Руси и на други странски државјани кои живеат во земјата повеќе една година откако ЕУ предупреди дека може да ѝ го укине безвизниот режим, пренесува „Фајненшл тајмс“.

Во моментов, странците мора да живеат во Србија најмалку пет години пред да имаат право да побараат државјанство. Но во нацрт-законот што српската владата го претстави во април беше прецизирано дека за издавање српски пасош на странски државјани кои работат во локални фирми или се самовработени ќе биде доволна една година привремен престој.

Европската комисија предупреди дека го следи безвизниот режим со Србија за да ги спречи и да ги ублажи можните безбедносни ризици за ЕУ. Оттаму лани му биле испратени јасни препораки на Белград да ги укине или да се воздржи од усвојувањето шеми за „инвеститорско државјанство“.

„Ако некое државјанство доделено според шемите за државјанство на инвеститори претставува зголемен ризик за внатрешната безбедност и за јавната политика на земјите-членки на ЕУ, бесплатниот визен режим со Србија може да биде суспендиран“, се вели во соопштението на ЕК испратено до „ Фајненшл тајмс“.

Во текот на минатата година година, Брисел неуспешно се обиде да изврши притисок врз Белград да воведе санкции кон Русија, да ги забрани директните летови од земјата до Руската Федерација и да им дава засолниште на руските компании и поединци кои сакаат да ги избегнат западните забрани за патување и замрзнување на имотот.

Според неименуван советник во владата на Србија, предлог-законот за полесно и побрзо стекнување државјанство е само предлог кој не бил прифатен, а неговата функција била да привлече висококвалификувани работници со цел да се стимулира економија на Србија.

Имајќи предвид дека на социјалните мрежи во рускојазичното подрачје во последните неколку недели одекнува веста за можни законски измени за добивање српски пасош, се очекува нов бран руски емигранти кои сакаат да се преселат во Србија со надеж потоа да се преселат во други европски градови.

Набљудувачите на Балканот прогнозираат дека српската влада најверојатно ќе го повлече предлогот поради притисокот од ЕУ, бидејќи на Србија ѝ требаше многу напор да издејствува либерализација на визниот режим во 2009 година.

Во исто време, владата во Белград најверојатно ќе бара да ги продолжи дозволите за престој на околу 200.000 Руси кои пристигнале во земјата од февруари 2022 година.

Европската комисија ги повикана крајот на март земјите-членки на ЕУ веднаш да ги откажат сите постоечки шеми за издавање „златни пасоши“ и да размислат за укинување на државјанствата дадени на руски и белоруски граѓани кои се на листата на санкции на ЕУ поради војната во Украина. Т.н. шеми за златни пасоши се однесуваат на национални програми за продажба на државјанства за земјите од ЕУ на инвеститори.

Треба да знаете
Последни објави