Во рамките на теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа” денеска меѓу граѓаните на Кичево беа членот на ЦО на СДСМ Благој Бочварски, заедно со Пламенка Бојчева, а средби со граѓаните на Дебар остварија Кирил Парталов и Размена Чекиќ.
Бочварски во Кичево се отврна на економските политики на СДСМ, нагласувајќи дека странските инвестиции во државата лани забележаа рекордна висина од над 700 милиони евра, се реализираат стратешки проекти од национален интерес.
Таков проект е изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д, со кои државата станува вистинска балканска крстосница. Проектот е вреден 1,3 милијарди евра, од кои најмалку 51 отсто ќе завршат директно кај македонски компании. Покрај подобро поврзување со соседите и меѓу општините од овој дел на државата, изградбата на делниците ќе донесе и придобивки за економијата, нови работни места и раст на БДП, нагласи Бочварски, додавајќи дека со предложените законски измени, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на овие коридори, туку и за сите идни национални и стратешки инфраструктурни проекти, меѓу кои спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ и од меѓународни финансиски институции.
Рамо до рамо со граѓаните на Дебар денеска беа Кирил Парталов, Размена Чекиќ. На средбите страна збор за европската иднина на државата, реформите и чекорите што се преземаат за полноправно членство во ЕУ.
Членството во ЕУ значи подобар животен стандард, подобро образование, нови шанси за младите за да ни останат дома, да живеат во европски систем, да работат на нови и добро платени работни места, во нашата татковина, истакна Парталов.