Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос, Скопје е пред банкрот, во лоша финансиска состојба, тоне во долгови.
Ете што се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ја добива довербата да управува со народните пари.
Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, Скопје се повеќе пропаѓа. Граѓаните со право се разочарани, бидејќи од ветувањата за модерно Скопје не добија ништо.
Но затоа добија бетонизација на зелени површини, партизација на администрацијата, задолжувања и лоши услуги за граѓаните.
Наместо бесплатен јавен превоз, граѓаните плаќаат пенали кон ЕБОР за проектот Бас рапид транзит, што градоначалничката Данела Арсовска го прекина.
Наместо 250 нови еколошки автобуси, граѓаните добија хаос во јавниот превоз во Скопје, автобуските линии и натаму не се редовни, има постојана гужва во автобусите на ЈСП.
Стои реконструкцијата на Универзална сала и мостот на АСНОМ, клучката кај Момин поток и пробивањето на Есенинова се одвиваат бавно и со застои.
Јавните градски претпријатија едвај функционираат затоа што и Градот едвај функционира, а Арсовска постојано ги менува директорите.
Скопјани не заслужуваат локална власт, која наместо да се грижи за нивните интереси, се кара за рацете во медот и го турка Градот во провалија.