Престојниот викенд, Македонската филхармонија ќе биде главно место за детски џагор, полн со радост и смеа, бидејќи ќе се одржи 20. роденденско издание на најомилениот детски фестивал во Македонија, „Поточиња.“
Организаторите информираат дека билети сè уште има во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс, како и онлајн на: mktickets.mk/event/potocinja13/ и www.karti.com.mk/potocinja-2023.nspx.
Јубилејното роденденско издание на „Поточиња“ ќе се одржи во три различни термини, односно на 13.05.2023 (сабота) и 14.05.2023 (недела), со почеток во 11:00, 13:00 и 19:00 часот.
Овој викенд ќе биде посветен на дечињата, кои заедно ќе пеат, играат и празнуваат, додека новите хитови на „Поточиња“ ќе ги забавуваат.
20 години Поточиња – 20 години Песна, Радост, Смеа!