“Денеска започнуваме со изградба на ново модерно автопатско решение од Прилеп до Битола во должина од 39,3 километри. Веќе не зборуваме за програмски ветувања, зборуваме за старт на најголемиот капитален проект во Пелагонскиот регион. Секој вложен денар на државата е влог за граѓаните за безбедни и модерни сообраќајници, за развој на локалните бизниси, за подобро регионално поврзување со соседите”, истака денеска министерот Благој Бочаврски на настанот по повод започнување на изградбата на автопатската делница Прилеп-Битола на Коридор 10 д.
“Доаѓајки денеска на овој најголем, најзначаен настан за Пелагонија и патувајќи во правец од Скопје до ова место, од Гевгелија до тука и од Меџитлија исто така до тука, верувам дека по пат забележавте бројна механизација како интензивно работи на изградба и рехабилитација на европските коридори.
Тоа се инвестициите во патната инфраструктура со кои Северна Македонија ја модернизираме, економски ја зајакнуваме и ја правиме подобро место за живеење за сите наши граѓани“, додаде Бочварски..
Тој потенцираше: „Нема подобар момент да се собереме, сите пријатели на Северна Македонија, нашите партнери – земјите членки од ЕУ и заеднички да го означиме најголемиот инфраструктурен проект во новата историја на земјата кој се реализира овде во Пелагонискиот регион“.