Државна матура ќе има на 27 мај, откако штрајкот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) е ставен во мирување. Од ДИЦ својата одлука ја образложија дека ја одложиле борбата за повисоки плати во интерес на матурантите. Со обидот на министерот за образовние да внесе надворешни лица во процесот на државната матура, според нив, ќе се доведеше во прашање валидноста на тестирањето и резултатите од испитите, поради што е прекинат тринеделниот штрајк на 30-тина вработени во ДИЦ.
-Вашите досегашни обиди за решенија на проблемот, а со тоа и ветувањата кои им ги дадовте на матурантите во медиумите се спротивни на одредбите на Правилникот за процедури за тајноста на подготовката, печатењето, дистрибуцијата, чувањето и оценувањето на испитниот материјал, донесен од министер за образование и наука од 31.3.2014 година.
Со Вашиот обид да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, вие ќе бевте тој што ќе ги оштетеше матурантите! Се наведува до писмото од Синдикатот на ДИЦ.
Министерот за образование Шаќири го повтори својот став – државна матура мора да се полага на 27 мај, а ако е потребно ќе испратат кадар од Министерството.
На состанокот со вицепремиерот Фатмит Битиќи на половина од вработените во ДИЦ им предложено зголемување од 2,000 денари, како и исплата на К 15, што беше одбиено. Државна матура по двата екстерни испити на 27 мај и 10 јуни ќе полагаат 15. 620 матуранти.