Рускиот борец Ислам Махачев го совлада Чарлс Оливеира во главната борба на UFC280 за светскиот појас во лесна категорија. До триумфот дојде на импресивен начин пред повеќе од 18.000 публика во Абу Даби. Титулата ја држеше неговиот пензиониран пријател, Хабиб Нурмагомедов, кој по натпреварот му го предаде појасот.
Махачев стигна до 11 победа во низа, а воедно ја прекина и серијата на Оливеира од 11 последователни победи. Бразилецот мечот го предаде веќе во втората рунда.
Русинот во втората рунда го погоди со неколку сериозни удари кои значеа и крај на борбата.
ISLAM MAKHACHEV IS THE UNDISPUTED LW CHAMPION OF THE WORLD! ????
[ @MakhachevMMA | #UFC280 ] pic.twitter.com/aJzHlS6fxF
— UFC (@ufc) October 22, 2022