Ѓоковиќ успешно ја почна одбраната на титулата на Мастерсот во Рим

Новак Ѓоковиќ успешно ја почна одбраната на титулата на Мастерсот во Рим, иако имаше проблеми на почетокот против Аргентинецот Ечевери.

Ечевери поведе со 3-1 во првиот сет, но Србинот се загреа, почна да игра како што знае, па го доби сетот, но дури во тај-брејк. Потоа во вториот сет Ѓоковиќ играше како што знае и славеше со 6-2.

Во следното коло, првиот носител ќе се сретне со Бугаринот Григор Димитров, кој го елиминираше Стен Вавринка.

Инаку, на трибините беше и фудбалскиот стручњак и актуелен тренер на Рома, Жозе Мурињо, кој пред мечот се сретна со Новак и му посака среќа.

Треба да знаете
Последни објави