Петрушевска предупредува по масакрот во Србија: Коста е само пример на еден мал милион деца кои сакаат да го искажат својот гнев

Коста е само пример на еден мал милион деца кои сакаат да го искажат својот гнев. Ние убиецот го направивме херој во медиумите а за жртвите знаеме многу малку, речиси ништо, вели во интервју за „Макфакс“ актерката Весна Бејби Петрушевска, коментирајќи го масакрот во училиштето во Белград.

„Значи ние серискиов убиец го правиме херој во медиумите, а жртвите, освен на одбојкарот ќерката, не знаеме ни име ни презиме. Тие се имиња и презимиња, и она малоно дете што иде на клавир, што е првак, што процуре некако снимката, веројатно некое другарче ја постирало. Ние не знаеме за жртвите ништо“, додава таа.

Според неа општествена одговорност на јавните личности во државата е да зборуваат, да помогнат и да кажат што имаат во ваквите ситуации, но тие како што вели Петрушевска молчат.

Во Македонија, како што оценува актерката, речиси никој и да не пријавува булинг.

На прашањето дали во нашата држава може да се повтори нешто слично, Петрушевска предупредува дека тоа многу брзо може да ни се случи.

„Многу брзо. Моето чувство е многу страшно и никогаш не ме излажало. Ама многу има гневни деца, има многу деца кои се на дарк нет, и играат насилни игри, гејмерите, и тоа играат онлајн. Не знам дали си слушнал како играат онлајн со слушалки и кога пукаат, какви звуци испуштаат децата кога играат. Тоа се викотници, да се извадиш од памет во другата соба, играат, викаат, трескаат, пцујат, удираат со палки. Невидена агресија се тие на фронтлајн, и други има на стејшн, на плејстејшн“, вели Петрушевска.

Повикувајќи се на искази од стручни лица, конкретно психијатри, таа во интервјуто појаснува дека агресијата може да се препознае уште во третата или четвртата година од животот.

„Инаку за Коста Кесмановиќ да ти докажам што ми кажа психијатарот, дека може да се дијагностицира тоа во трета четврта година од развојниот дел на детето, ако злоставува животни, ако е агресивно и да, тригер му било тоа што имал оружје дома. Во Македонија има 180.000 регистрирани оружја, и пута три нелегални, а ние сме 2 милиона. Викаат ловџиите се посебна категорија, тие се посебна бројка, тоа се 180.000 добиени дозволи за огнено оружје. И сигурно дел од нив имаат семејства, деца, па сигурно тие деца знаат дека татко им има пиштол“, предупредува актерката.

Поопширно со Весна Бејби Петрушевска во интервјуто за „Макфакс“.

Треба да знаете
Последни објави