Османи положи цвеќе на спомен-обележјето во чест на трагично загинатиот Претседател Борис Трајковски во Ротимље

Министерот за надворешни работи и Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска го посети спомен-обележјето во чест на трагично загинатиот Претседател Борис Трајковски во Ротимље, близу Мостар во Босна и Херцеговина. 

Османи положи свежо цвеќе на местото на авионската несреќа од 2004 година во која животот го загубија Претседателот Трајковски и осум членови на делегацијата и на екипажот. 

„Трајковски беше широко почитуван поради неговото инклузивно и прагматично лидерство и одигра важна улога во водењето на државата во еден од најпредизвикувачките периоди од нејзината историја”, рече Османи. 

Османи е во дводневна официјална посета на БиХ во својство на Претседавач со ОБСЕ. Покрај Мостар, Османи ги посети и Сараево и Јабланица и оствари средби со државниот врв, претставници на Парламентот, претставници на граѓански организации, како и други партнери и соработници на ОБСЕ.

Треба да знаете
Последни објави