Драма во Минск: Лукашенко нанадејно заврши во болница

Белорускиот претседател Александар Лукашенко е примен во болница во Минск, објави белоруското Еврорадио и Хајун.

Како што објавија, поворката со автомобили што вообичаено го следи Лукашенко пристигнала во болницата околу 7 часот навечер. За тоа време приодот до болницата бил затворен, а сите околни улици биле под надзор од вооружени чувари.

– Лукашенко последен пат се појави во јавноста на 9 мај, кога заедно со Владимир Путин присуствуваше на парадата за Денот на победата во Москва – пишува Yahoo.

Тогаш сите коментираа дека претседателот на Белорусија изгледа прилично слабо,a наводно имал завој преку раката. За разлика од другите лидери кои присуствуваа на прославата, Лукашенко мораше да се вози дури и на кратки патеки. Поради слабост го пропушти дури и официјалниот ручек со Владимир Путин.

Лукашенко присуствуваше на прославата на Денот на победата во Минск. Но, тој ја прекрши традицијата и наместо воена униформа облече одело и не одржа говор. А во последните две недели присуствуваше на многу малку настани.

Треба да знаете
Последни објави