(Видео) Талески доби пендрек во глава од полицаец по завршувањето на финалето на купот против Пелистер
По завршувањето на финалето на ракометниот куп меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се случи инцидент и настана мешаница кога ракометарот на битолчани, Суси фрли со шише по тренерот на Вардар, Владо Недановски. Во целтата мешаница, интервенираа и полициските службеници, а ракометарот на Вардар 1961, Филип Талески доби пендрек во главата.
Од снимката се слуша и како од публиката довикуваат до полицаецот: „Што правиш бе будала еден“, додека останатите службеници ги разделуваат лицата кои учествуваат во инцидентот.
Ракометарите на Вардар 1961 го оставија Еурофарм Пелистер без двојната круна. Во финалето на Купот, во салата „Билјанини извори“ во Охрид, со победата 26:25 (16:12) над Еурофарм Пелистер, Вардар 1961 го свои 16. трофеј во Купот на Македонија.