Изминатата година се покажа колку е важно знаење и посветеност за менаџирање со енергетскиот сектор, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во своето обраќање на денешната трибина „Резултати што прават разлика” одржана во Скопје.
„Пред само 12 месеци глобалната, светка економија беше пред колапс. Недостигот на енергија и растот на цените на енергенсите и струјата донесоа неизвесност и агонија кај секој граѓанин – не само кај нас, туку и во цела Европа. Но кај нас, струја, бензин, храна, парно имаше доволно, а рестрикции немаше. Ги заштитивме граѓаните и компаниите кога беше најтешко” истакна Ковачевски.
Ковачевски потсети колкава е разликата во инвестициите во енергетиката помеѓу владите на СДСМ и оние на ВМРО-ДПМНЕ.
Во време на ВМРО-ДПМНЕ беа инсталирани 18 мегавати од обновливи извори на енергија, додека во време на СДСМ инсталирани се 283 мегавати. Само во изминатите година и три месеци, инсталирани се 200 мегавати од обновливи извори, што веќе се вклучени на мрежата” посочи претседателот Ковачевски.
Toj порача дека зелената транзиција на енергетскиот сектор останува врвен приоритет за СДСМ и дека веќе се прават подготовки за следната грејна сезона да биде уште поупсешна.
„Со новите капацитети од обновливи извори што се изградени за само 16 месеци, може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка за над 10 грдови, или за една година и четири месеци ние имаме изградено капацитет кој е скоро како еден блок РЕК Битола. Вака изгледаат резлутатите кога Владата предводена од СДСМ ја спороведува енергетска транзиција! Токму поради инвестициите во обновливи извори е намалена енергетската зависност во државата.
Наместо 33%, сега за потребите на сите потрошувачи меѓу кои индустријата и малото стопанство има увоз од само околу 11 % во првите месеци од оваа година. Ова е најниско ниво на увезена струја, истакна Ковачевски, додавајќи дека со поврзувањето на гасоводите, енергетската независност уште повеќе ќе се унапреди.
„Во наредниот период наш приоритет е енергетската транзиција и енергетската независност, а нашата земја да биде и понатаму регионален лидер во енергетската транзиција, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб, порача Ковачевски.



