OСТЕН Павиљонот на Северна Македонија претставува најнеочекуваното место на ова Биенале на современа уметност во Венеција („ИЗВЕСТИЯ”, 11 мај 2019, Култура, Сергей Уваров)
ОСТЕН Павиљонот ја претстави Северна Македонија во Палатата Ка’ Занарди во Венеција со меѓународниот независен проект на уметниците Мице ЈАНКУЛОВСКИ, С. Македонија и Олга ТОБРЕЛУТЦ, Русија – „ТРАНСКОДИРАНИ СТРУКТУРИ – пред и после медиумите во апстракцијата”. Куратор на изложбата е Жолт ПЕТРАНИ, Унгарија (раководител на одделот за современа уметност при Националната галерија на Унгарија во Будимпешта), а куратор-соработник Корнелија КОНЕСКА, С. Македонија (извршен директор на ОСТЕН).
Во професионалната и пошироката меѓународна јавност проектот беше забележан според три главни карактеристики:
Прво, беше поздравена идејата на ОСТЕН Павиљонот за претставување на меѓународен независен проект во Венеција со што излгува од рамките на националното.
Второ, идејата, концептот и компатибилноста на соработниците е оценета како исклучителна.
Трето, отворањето на изложбата беше проследено со огромен интерес од компетентна интернационална публика:
Роберт АЛАЃОЗОВСКИ (Советник за култура во Влада на РСМ), Антониј МАЗНЕВСКИ (уметник, професор на Ликовна академија на РСМ), Зелфир ТРЕГУЛОВА (Директор на државната галерија Третјаков / The State Tretyakov Gallery), Николас ИЛЈИНЕ (Советник на генералниот директор на Државниот музеј Ермитаж / State Hermitage), Милена ОРЛОВА (главен уредник на Art Newspaper Russia), Александер РИТОВ (Директор на Стела Фондацијата за уметност / Stella Art Foundation), Анастасиа КУРЈОКХИНА (Директор на Центарот на модерна уметност, Ст. Петерсбург), Леонид БАЖАНОВ (Директор на Центарот за современа уметнот во Москва, поранешен министер за култура на Русија), Група колекционери од Саемот за уметност Cosmomoscow, Света КОНЕГЕН (новинар на Радио Слобода), Игор ГРЕБЕЉНИКОВ (писател и новинар на Vouge Magazine and Harper’s Bazaar Magazine), Сергеј ХАЧАТУРОВ (уметнички критичар, Москва), Андреи БАРТЕНЕВ (уметник), Фабио ФОНДА, Претседател на Voland Club, Italy … како и претставници од МСУ Скопје, уметници, професори, галеристи и поширока публика од над 200 посетители.