Натпревар за најдобар бизнис-модел од средношколци од училиштата во Пелагонија

Натпревар за најдобар бизнис-модел од средношколци во Пелагонија, како дел од проектот BeCircular, ќе се одржи денеска во Центарот за претприемништво и креативност на Економскиот факултет во Прилеп.

Средношколците од пелагониските училишта ќе се натпреваруваат со својот најдобар бизнис модел. Тимовите беа избрани преку компетитивни процеси, вклучувајќи го и натпреварот организиран од Економскиот факултет кој се одржа минатиот понеделник, на кој учествуваа тимови од Прилеп и Битола. Четирите најдобри тимови од натпреварот и еден тим од Ресен, повторно имаат можност да се натпреваруваат и да освојат награди.

Стручно жири ќе ги оценува бизнис-моделите на учесниците на натпреварот кој е организиран од Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ со поддршка на партнерите од проектот за прекугранична соработка BeCircular – Проект за поттикнување на вработувањата преку Циркуларна економија и претприемништво и Економскиот факултет во Прилеп, кофинансиран од Европската Унија преку ИПА-програмите за прекугранична соработка.

Треба да знаете
Последни објави