Претставување на првите пронајдоци направени во единствената Биотехнолошка лабораторија во земјава

Експо ден ќе биде одржан денеска во СУГС „Марија Кири-Склодовска“ – Скопје, каде ќе бидат претставени првите пронајдоци направени во единствената Биотехнолошка лабораторија во земјата лоцирана во ова училиште. На настанот ќе присуствуваат градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и заменичката на регионалната директорка на УНДП, Марина Волтер.

Новоопремената лабораторија за биотрансформации, поддржана од УНДП и УНИЦЕФ заедно со Град Скопје, за посетители и информативни средби ќе биде отворена од 10:30 часот.

Ова е прв настан за биотехнологии на кој ќе можат да се видат изложени прототипи на учесниците од експерименталните програми за трансформација на биолошкиот отпад.

Треба да знаете
Последни објави