Стоилковски: ДУИ и СДС формираа антиевропски фронт во одбрана на криминалот

Интегрален текст од прес конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Добро ќе беше Ковачевски наместо брифинзи, да се појави во јавноста на дебата со Христијан Мицкоски, но тој реши да се крие зад камерите, а бидејќи држи брифинзи добро ќе беше да го слушне и ова.

ДУИ и СДС креираа Анти-ЕУ Фронт. Јавно признаваат дека прават брутална злоупотреба на европското знаменце, знак за процедура ја скратување на постапки за усогласување на закони со европските. Напротив, менуваат веќе усогласен закон со ЕУ, и тоа го прават со кршење на собраниските можности за побрзи усогласувања.

ДУИ и СДС креираа Фронт за одбрана на криминалот, туркаат закони на сила, ја кршат демократијата и го суспензираат Собранието. Се, за да им мине криминалот, прифатени услови спротивни на законите. Работата нема да оди побрзо ако нема проект и дозвола за градба, градбата нема да оди побрзо со преморени работници, ниту со плаќање за дивоградбите. Единствено ќе оди криминалот на ДУИ, а полтронот Ковачевски ќе ја продолжи за неколку месеци политичка кариера.

Ниту народ ниту интеграции, ништо не им е важно, освен спроведување на најголемата пљачка на буџетот, со надзор за градба специјализиран за шиење и услови за тешка физичка експлоатација на работниците. Пеналите во стотици милиони евра веќе ги плаќаат и тие пари нема да се вратат.
Ковачевски како најголем измеќар на ДУИ, ги пушти по вода пратениците кои претходно поднесуваа закони за кои им се сонило дека се потребни за покривање на криминал, па сега ги тера да учествуваат во криминален и антиевропски чин, да менуваат закони по скратени постапки спротивно на деловник, само да го заштитат криминалот на ДУИ.

ДУИ и СДС формираа Фронт против ЕУ, а за одбрана на криминалот! Ништо повеќе!

Почитувани, сето ова остава долготрајна последица, создава собраниска практика, создава услови утре било која држава да стави вето на интеграциите заради злоупотребена процедура и изигрување на демократијата и секако заради менување на еднаш усогласен закон со ЕУ со неевропски норми!

Треба да знаете
Последни објави