(Видео и фото)Водостојот на реките во Хрватска и БиХ бележи рекордно ниво

Дождот што непрестано паѓа од вчера предизвика излевање на реките во Хрватска и Босна и Херцеговина. Реката Зрмања прелеа преку заштитниот ѕид кај Обровац во општината Грачац, каде се упатени пожарникари, припадници на Хрватската горска служба за спасување и цивилната заштита со чамци за спасување.

Неколку реки се излеаја и во северозападниот дел на Босна и Херцеговина, додека одрони и обилни поплави го отежнаа сообраќајот на повеќе патишта.

Се излеа реката Уна, кај Бихаќ, по што водата продре во станбените објекти, додека во други реони поплавени се патишта и земјоделско земјиште.

За сега никој не побарал помош од надлежните за спасување. Дополнителен проблем претставуваат најавите дека дождот ќе продолжи да паѓа. Водостојот на сите реки на сите мерни точки е во пораст.

На сила е портокалот метео аларм со силни дождови и ветрови.

Во хрватск Грачац отворен е прифатен центар за згрижување на евакуираното население.

Поради повеќекратно зголемениот водостој на Уна, во Хрватска Костајница на сила се вонредни мерки за одбрана од поплава. Сава не може да ја прифати целата вода од Уна, па се очекува натамошен раст на водостојот.

Ирина Путица, директор на Хрватски води за сливовите на јужен Јадран, вели дека реката Зрмања утрово во 5 часот била стабилна, на 301 сантиметар, но тоа е енормно висок водостој за одбранбениот насип.

„Прв пат имаме олкав водостој. Водата вчера од пладне до 19.15 часот се зголеми за 146 см. Досега се вградени 6.000 вреќи со песок, а имаме 200 вреќи и уште 3.000 нарачавме“, вели таа.

Додава дека никој не го очекувал ова. Најавени се уште дождови, а преземени се сите мерки за заштита на населението од поплави.

Според командирот на пожарникарите, сѐ што ќе испумпаат од подрумите, се враќа назад, во Обровац и неговата околина. Пожарникарите до утрово се бореле со надојдените води.

Велат дека ова е сизифовска работа и додека не спречат продирање на водата во центарот на градот, не може да ја испумпаат водата. Се плашат и од прогонозите за уште врнежи.

Водостојот на реката Купа вчера кај Карловац пораснал за 240 сантиметри.. Во 11 часот измерен е водостој од 647 сантиметри, а вонредни мерки се преземаат кога нивото на Купа ќе надмине 750 см.

Треба да знаете
Последни објави