Реал Мадрид со двајца претставници во идеалната петорка за сезоната во Евролигата

Евролигата денеска ја објави идеалната петорка за натпреварувачката сезона 2022/2023 во елитното клупско кошаркарско натпреварување.

Најдобрите пет играчи се Матијас Лесор од Партизан, Лоренцо Браун од Макаби, Саша Везенков од Олимпијакос, како и двајцата членови на Реал Мадрид, Џанан Муса и Валтер Таварес.

Членовите на медиумите, тренерите на Евролигата, капитените на тимовите и навивачите гласаа за изборот на најдобрите играчи за оваа сезона.

Потсетување дека Ф4 турнирот во Евролигата ќе се игра во Каунас, Литванија на 19 и 21 мај.

На 19 мај се полуфиналните мечеви Олимпијакос – Монако и Барселона – Реал Мадрид, а два дена подоцна се натпреварот за третото место и финалната битка за пехарот.

Треба да знаете
Последни објави