(Видео) Лапорта: Секоја чест на Саудијците, но Барселона е домот на Меси 

Претседателот на новиот шпански фудбалски првак Барселона, Жоан Лапорта, смета дека клубот од „Камп Ноу“ е домот на Лионел Меси и верува дека ќе усепее да го врати во тимот каде израсна и се афирмира. Лапорта и Меси ги затоплиле односите откако пред две сезони имаа недоразбирања по што аргентинскиот интернационалец одлучи да се пресели во редовите на францускиот ПСЖ.

-Меси ја сака Барса, никој не треба да се сомнева во тоа. Тој во Барса се чувствува како дома. Тој уште е играч на ПСЖ, нека заврши сезоната, па ќе разговараме на мир. Со цела почит кон Саудиска Арабија, но Барса си е Барса, историјата е на наша страна. Ние сме домот на Меси. Саудијците прават одлична работа, многу инвестираат, работат добро, но Барса си е Барса, вели Лапорта, кој додаде дека клубот ни за Меси нема да даде повеќе пари отколку што може да си дозволи.

Лапорта најави засилувања со кои Барса во следната сезона би се борела со најдобрите и во Лигата на шампионите.

Синоќа навивачите на Барселона ја славеа 27-мата титулла во Ла Лига и испратија порака до раководството на клубот со скандирања на името на најдобриот играч во светот: „Меси, Меси“:

Треба да знаете
Последни објави