Домашните градежници со повеќе извршена и договорена работа во странство

Во првиот квартал годинава вкупната вредност на договорени градежни работи во странство изнесува 147 965 илјади денари, што е за 12,5  проценти повеќе во споредба со
истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Податоците на ДЗС покажуваат дека од јануари до март годинава градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 44 338 000 денари, што е за 39,5  проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Нашите градежници во првиот квартал годинава работеле на пазарите во Германија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Чешка. 

Треба да знаете
Последни објави