Две лица загинаа при уривање на мал цивилен авион „Лирџет“ во близина на пистата на НАТО кај Рендсбург, Германија, објави денеска „Билд“.
Авионот бил изнајмен од германското воздухопловство, а двајцата пилоти загинале.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја потврди веста за соборувањето на авионот.
Несреќата се случила по полетувањето, а авионот требало да полета за провинцијата Долна Саксонија.
На местото на несреќата излегле голем број пожарникари и полиција, а се уште не се познати околностите кои довеле до падот.
Во доцните попладневни часови од базата се ширеле облаци од чад, а на аеродромот можеле да се забележат урнатини и пожарникари, јавуваат германските медиуми.
Според портпаролот на Федералното биро за истраги, Гермут Фрајтаг, тим е на пат кон местото на несреќата за да го истражи падот на цивилниот авион.