Српскиот кошаркар на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ синоќа го предводеше својот тим до домашно славје против ЛА Лејкерс 132:126 во првиот финален натпревар од Западната конференција.
Јокиќ забележа 34 поени, 21 скок и 14 асистенции и на овој начин повторно се запиша во историските книги. Имено, тој стана првиот играч во плеј-офот во историјата на НБА од 1955 година, од кога временски е ограничен нападот, кој забележал најмалку 30 поени, 20 скока и 10 асистенции со процент на шут од најмалку 70%.
Понатаму, ова беше шести трипл-дабл учинок за Јокиќ во плеј-офот оваа сезона, изедначувајќи ги Меџик Џонсон (1982) и Дрејмонд Грин (2019) на второто место на вечната листа. Само Вилт Чембрлен постигна повеќе, 7 во 1967 година.
И не само тоа, Србинот влезе во историјата на НБА за само девет минути. Тој, исто така, го зграпчи својот 10-ти скок во првата четвртина и, со пет асистенции и две блокади, стана првиот играч во 25 години што го направил тоа во некоја четвртина од плеј-оф натпревар.